Заболените од Ковид 19 ќе се сместуваат во постоечкото одделение за психијатрија и неврологија кое општата болница Куманово го преадаптираше за прием на пациентите, соопштија денеска надлежните од установата. Одделението располага со потребна терапија за третман на пациентите.
– Добивме дополнителни 23 кревети со новиот ковид центар 2. Пациентите ќе се сместат на делот што е неврологија, персоналот и работните соби ќе бидат на психијатрија, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.
Инфективното одделение со недели веќе е пополнето. Повремено се ослободуваат по неколку места кога ќе се отпуштат излекуваните пациенти. Оние пациенти кои имаат симптоми на Ковид-19, треба да се упатат кон инфективното одделение или нивниот матичен лекар ги упатува на инфективно, каде што ќе им се врши тријажа, согласно здравствена состојба.
Од болницата додаваат дека пациентите кои имаат потреба од од невролошки преглед, да се упатат во стариот Ургентен центар, каде што ќе има достапно дежурен лекар – невролог.
Пациентите, пак, кои имаат потреба од психијатриски преглед треба да се упатат во бараката – Центар за зависности, каде што ќе има достапнен лекар психијатар и психолог.
Од болницата информираа дека новиот број на установата е 031/420-676.
МИА/Фото: МЗ