Доктор Горан Кунгуловски, биоинженер во лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во клиниката „Жан Митрев“, на прашање на „Слободен печат“ какви изгледи да се спаси од зараза со делта варијантата има невакциниран и непрележан човек, вели дека тие се мали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини
„Кога ќе се зголеми локалната трансмисија, шансите да не се заразите се многу мали. За невакцинираните и непрележаните ова ќе биде најтежок бран, бидејќи вирусот е многу лесно пренослив“, вели за СП, Кунгуловски и додава дека вакцините уште ја добиваат битката и со новите соеви и имаат доволна ефикасност за да ја неутрализираат пандемијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Професор Трајковски: Делта сојот можеби е веќе доминантен во Македонија
Доктор Кунгуловски: Тешки месеци со делта сојот ги чекаат невакцинираните и непрележаните
Фото: Кунгуловски/Фејсбук