Актерката и поранешна пратеничка од СДСМ, Софија Куновска на својот Фејсбук профил упати директна критика кон премиерот Зоран Заев, а по неговата одлука „метлата“ најпрво да почне од општинските раководства на партијата.
„О М Г ! (о мај гад). Денес изгледа треба да разбереме дека за лошите изборни резултати на претседателските избори се виновни и одговорни општинските раководства на СДСМ. Или, што би се рекло, лошо ги промовирале на терен “фантастичните“ резултати на власта.
И не кажувајте никаде дека сите кадровски решенија почнувајќи од делегат на Конгрес до претседател на држава, од највисоки партиски и политички структури до градоначалнички и советнички кадровски решенија, од Буралиева па наваму, се одлука единствено и само на Дуото-Трио на чело на СДСМ“, напиша Куновска.
Во друг статус таа напиша:
„Мал писмен придонес до ЦО на СДСМ.
Заев: Пораките од граѓаните се јасни, арогантните, недостапните и неуспешните ќе заминат од функциите.
Граѓаните: Не се тие нашите пораки.
Отсуството на правна држава, корупцијата, непотизмот, пазарењата, непочитувањето на законите, претоварената администрација, лошите кадровски политики, криминалот, немањето реформски капацитет, нерасчистувањето со Скопје 2014, загадениот воздух, неефикасноста на јавните сервиси, лошото образование, бројчаникот, отсуството на културни политики, несправувањето со криминалот од минатото и истите практики како претходната власт, се причините заради кои не и се верува на оваа власт“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метлата „заигра“ во базата: Заев ги разреши сите претседатели на општинските организации на СДСМ
Фото: Фејсбук/Куновска