еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Курти ја обвини Србија за инцидентите на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека „демократијата не може да биде суспендирана или заложник“.

Во видео-обраќање на Фејсбук, Курти рече дека Приштина ја зајакнала комуникацијата со меѓународната заедница и дека смирувањето на ситуацијата е заедничка цел.

Според него, албанските градоначалници на општините на северот на Косово и покрај слабата излезност на изборите поради бојкотот на Србите „се уште се единствените кои имаат легитимитет да бидат во општинските згради и во служба на граѓаните“ и имаат целосна поддршка од властите во Приштина.

Курти за случувањата на Косово обвини екстремно десничарски групи, кои ги поврзува со Милан Радоичиќ и Звонко Веселиновиќ, но и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, првиот човек на БИА, Александар Вулин и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Тој оцени дека протестот на кој беа нападнати полицијата и КФОР „не е протест за општината, туку за власта“ и додаде дека на Косово власт може да се добие само преку избори, а не со насилство и криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел бара итно продолжување на дијалогот Белград – Приштина

НАТО испраќа дополнителни 700 војници на Косово и подготвува уште еден баталјон

Вучиќ: И покрај гаранциите, КФОР не ги заштити Србите, ниту го спречи насилното преземање на власта

Фото: Фејсбук/Курти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горан Марковски поднесе оставка од Одборот на директори на Раде Кончар – Апаратна техника

Редакција

Бугарија во топ 10 најосудувани држави пред Европскиот суд за човекови права

Редакција

Каков имот пријавил Зеќир Рамчиловиќ, кој е предложен за нов потпретседател на Собранието

Редакција