еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Лани намалување и на браковите и на разводите

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2020 година, во споредба со претходната година, е намален за 25.6 % и изнесува 10.278.

Најмногу бракови, 1.423 или 13.8 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 162 или 1.6 %.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94.1 % за жените и 92.8 % за мажите.

Во втор брак со учество од 6.5 % и трет брак со учество од 0.6 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2020 година, најголем број бракови, 3.380 или 32.9 %, кај жените се случиле во старосната група од 20 до 24 години, додека кај мажите се случиле 3.780 бракови или 36.8 % во старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 29.7 години за младоженецот.

Намалување лани се бележи и кај разводите од 21.2 % во споредба со 2019 година. Вкупно се регистрирани 1.569 разводи. Најмалку бракови 29 или 1.8 % се разведени во месец мај, а најмногу 199 или 12.7 %, во јули.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, и тоа 278 или 17.7 % кај жените и 262 или 27.7 % кај мажите.

Според траењето на баракот, најмногу разводи, 324 или 20.7 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

31-годишна родилка почина во болницата во Куманово, новороденчето префрлено на Детската клиника

Редакција

Бидете внимателни: Попладне и ноќеска се очекува невреме со пороен дожд, грмежи и град

Редакција

Досега 11.702 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, од нив 19 починале

Редакција