Лажна била пријавата за поставена експлозивна направа во основно училиште во Кавадарци, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Кавадарци, дека на електронската адреса на училиштето, била испратена закана за поставена експлозивна направа.
Утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки, утврдено е дека станува збор за лажна пријава, појасни Самарџиев.
За потсетување, минатата седмица имаше лажни дојави за бомби во шест основни и средни училишта во Кавадарци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дојава за бомба и во основно училиште во Кавадарци
МИА