еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Летото е тука – создадете добри навики за себе и вашиот метаболизам

Една од најдобрите работи што можеме да ги направиме е да инвестираме во себе создавајќи добри и здрави навики. Летниот период е идеално време да почнеме одново, давајќи шанса за промени и план каде што на врвот на приоритетите ќе биде нашето здравје и добросостојба.

Сите сакаме да изгледаме убаво и пријатно во својата кожа, да останеме здрави, свежи и со полна енергија. Еве неколку совети како до подобар изглед и баланс летово.

Внесувајте храна богата со витамини и минерали

Храната богата со витамини и минерали потребно е секој ден да биде на нашата трпеза поради здравствените придобивки што ги овозможува. Консумирањето на сезонскиот зеленчук и овошје ќе ни дадат повеќе сила и енергија, ќе се чувствуваме сито, а во исто време ќе ги внесеме сите потребни нутриенти и хранливи вредности.

Пијте многу течности и вежбајте

Редовно пијте вода, минимум 2 литри на ден. Хидрирањето е важно во летниот период затоа што го прочистува телото и ослободува од сите токсини што ги внесуваме во организмот. Практикувањето физичка активност ќе ни овозможи подобар изглед и расположение.

Редовно консумирајте јогурт

Јогуртот е одлична храна во летните месеци. Редовното консумирање јогурт позитивно влијае на имунитетот, дигестивното здравје и ја негува нашата кожа. Покрај тоа, ја поттикнува целокупната здравствена состојба воспоставувајќи рамнотежа во организмот.

Функционалниот јогурт Баланс+ е вистинскиот избор. Овој производ одлично се комбинира и може да се приготви со разновидна храна, овошје или зеленчук. Како единствен клинички испитан јогурт,

овозможува нормална работа на дигестивниот систем, ја регулира исхраната а преку постигнатиот баланс се создава и чувство на задоволство и леснотија. Богат е со витамини и минерали, но и две пробиотски култури LA-5 (Lactobacillus acidophilus) и BB-12 (Bifidobacterium lactis), кои се грижат за правилното функционирање на нашиот дигестивен систем и ги ублажуваат симптомите на вознемирен стомак и обновување на микрофлората на цревата.

Доволно се само десет дена консумирање по 500 грама дневно и резултатите се видливи. Погоден е за сите возрасти, но поради тоа што е нискокалоричен е идеален за оние што внимаваат на својата исхрана и се грижат за телесната тежина.

Добрите навики започнете ги денеска!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Даниловски: Новите мерки немаат никаква смисла

Редакција

Новата варијанта на Ковид-19 забрзано се шири: Омикрон регистриран во 12 градови во Македонија

Редакција

Православните христијани го слават Бадник

Редакција