еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица бара од Уставниот суд да ја укине функцијата на Артан Груби

Левица поднесе претставка до Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на подзаконски акт, односно Деловникот за работа на Владата, којшто владата на СДСМ и ДУИ го променија во месец септември.

Имено, станува збор за ново-воведената функција – „прв заменик на претседателот на владата“, којашто всушност е неуставна категорија, поради тоа што истата е воведена со измени и дополнувања на деловник на Владата.

„Потенцираме дека, уредувањето на Органите на државната власт е иманентно уставна материја и оттаму не може да се воведуваат нови функции во извршната власт, ниту со закон, а не пак како во случајов со подзаконски акт!

Со ваквите измени на деловникот за работа на Владата, каде се предвидува нова ваква функција, Власта ги пречекорува уставните ограничувања на владата, како извршна власт и буквално со ваквото нејзино самоволие, таа врши еден вид централизација на целокупната власт во себе и покажува тенденција за доминација во сите сфери на општественото живеење, затоа што ова сериозно го нарушува принципот на тријалистичка поделба на власта, како темелна вредност на нашиот устав.

Дури ни со Законот за Влада не е допуштено воведување нови државни функции, а не пак тоа да се прави со обичен Деловник, кој патем Владата сама си го носи. Ваквото самоволие на власта мора да биде спречено од страна на Судот, поради опасноста од тенденцијата – Владата да ја узурпира и законодавната власт, како во овој случај кадешто со деловник си уредува уставна материја.

Очигледно дека ваквото самоволно измислување на дебело платени функции е производ на партиските пазарења помеѓу коалиционите партнери, со цел задоволување на афинитетите на своите партиски членови, а сето тоа на штета на сите нас.

Врз основа на нашето искуство со Уставниот Суд како неагилен, односно со неговите служби како исклучитело нетранспарентни и ненавремени во информирањето, како подносители, бараме да бидеме перманентно и навремено известувани за постапувањето во однос на оваа наша иницијатива, како и за исходот од истата“, се вели во дописот потпишан од Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Штип останува на врвот: Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Груевски ги повика членовите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не му веруваат на Мицкоски

Редакција

Трогателно мајчинско сведоштво: „Д-р Жан Митрев направи чудо со мојата Инеа“

Редакција