еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Левица“ до Собранието го поднесе барањето за покренување референдум

Претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев денеска го предаде барањето за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво до архивата на Собранието.

Тој на денешната прес-конференција во Собранието соопшти дека се собрани 750 потписи кои ќе ги предадат во собраниската архива.

– Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието, рече Апасиев.

Како што рече верува дека ќе имаат координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека очекуваат да бидат сериозно сфатени како опозиција.

– Се надеваме во добра волја да помине оваа референдумска иницијатива, рече Апасиев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за тешката сообраќајна несреќа кај Росоман

Редакција

Твитер „полуде“ за прислушувањето на обвинителите: „Се кладам дека биле СЈО“

Редакција

Петар Грашо главна ѕвезда: Кој сѐ ќе настапи на Штипската пастрмајлијада

Редакција