еМагазин
Image default
Македонија

Лица кои учествувале на литијата во Струга имале белодробен наод кој одговара на Ковид-19

Новите заболени потекнуваат од непочитување на мерките, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на телевизија „24“.

„Многумина стануваат свесни откако ќе заболи некој од семејството. Мора да се носат маски и да се почитува дистанца. Мерките даваат ефект кога се почитуваат и кога институциите детектираат неправилности и мора да ги санкционираат. Сведоци сме дека има групирање и неносење на маски и тука институциите мора да  реагираат,“ рече Филипче.

Тој додаде дека кластерите се познати и генерално тоа се заразени од групни собирања и дека има луѓе кои во Струга одат на преглед со белодробен наоди. Потенцираше дека секој град каде не се почитуваат мерки, може да стане жариште.

„Од оддлението во Струга не известуваат дека има лица кои доаѓаат со белодробен наод кој одговара на Ковид – 19 и тоа се луѓе кои присуствувале на литијата. Ќе видиме дали е така. На таков настан каде не се одржува физичко растојание, не се носат маски може да се очекува дека вирусот се шири,“ додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Границите ќе се отворат кон средината на јуни

Владата одлучи: Полицискиот час ќе почне во 11 часот во недела и ќе заврши во вторник во 5 наутро

Фото: Данче Секулоска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе им се вратат ли парите на граѓаните кои извадиле нов пасош, а имале важечки?

Редакција

Затворена штипска конфекција откако неколку работници се заразиле со корона вирусот

Редакција

Случај „Таргет-Тврдина“: Грујовски му пратил закана на Лазаревски дека ќе ми го пресечел гркланот

Редакција