еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Викендов локални поројни врнежи, ветер, грмежи и град

Локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер, грмежи и град се очекуваат викендов, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ваквите процеси, како што се посочува, можат да предизвикаат појави на течење и слевање на вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку краток временски интервал.

Исто така поради очекуваниот интензивен дожд локално на некои места, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање, покрај кои посочуваме за внимателно движење. За поголемите реки, засега не постои опасност од нивно излевање, иако е можно зголемување на нивниот водостој.

Утринските температури утре ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 31 степен. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 30 степени.

Од понеделник до четврток во претпладневните часови ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, истакнуваат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Филипче: „Брза партија фудбал, секогаш е добра идеја“

Редакција

До сабота сончево, потоа облачно и постудено со повремен дожд, а на повисоките места и снег

Редакција

(Фото) Боркица побарала развод од Груевски

Редакција