еМагазин
Image default
Локално

Локомотива удри во „Голф“ кај Кондово, еден повреден

На 15.04.2020 во 12.35 часот било пријавено дека на патниот премин Сарај – Кондово, на железничката пруга Скопје – Тетово, се случила железничка незгода во која учествувале локомотива ТМД-Рабел управувана од Ќ.Ќ.(56) од Скопје и патничко возило „Фолксваген Голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на возилото, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Железничкиот сообраќај бил во прекин до 14.55 часот, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов времен режим за сообраќање на автобусите поради затворање на бул. „Партизански одреди“

Редакција

Десет лица повредени во сообраќајка меѓу три возила на патот Струмица-Валандово

Редакција

Претепано 15-годишно момче во Тетово

Редакција