Во првите девет месеци од годинава Лотарија на Македонија АД Скопје оствари нето добивка од 6.892 илјади денари и истата е намалена за 11%, споредено со истиот период лани, информира компанијата преку Македонската берза.
Компанијата за овој период остварила приходи од 19.401 илјади денари и истите се намалени за 12% споредено со истиот период лани.
Вкупните расходи пак бележат пад од 12,95%, а за овој период изнесуваат 11.711 илјади денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лотарија на Македонија со добивка
Лотарија на Македонија лани со намалена добивка
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.