еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Мајката со детето го напушти Кавадарци: Тепачката во која беше убиен маж била поради старателство врз дете од вонбрачна заедница

По убиството во Кавадарци за кое 45-годишен кавадарчанец доби 30 дневен притвор за убиство на 59-годишен сограѓанин, во јавноста излегоа информации дека расправијата на повеќе луѓе била околу старателство врз дете од вонбрачна заедница.

Од Центарот за социјални работи информираат за МИА дека ја контактирале мајката на детето Е.Р., која ги известила оти по сознанието за настанот што се случил, уште истата вечер, заедно со малолетното дете ја напуштила територијата на Општина Кавадарци и се наоѓа на друга територија, каде се чувствувала безбедно.

– ЦСР Кавадараци ќе преземе мерки согласно Законот за семејството, a кои се во интерес на правата на детето, посочуваат за МИА од Министерството за труд и социјална политика.

Според МВР, вчера околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека околу 23:30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на  ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37),  А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Триесет дена притвор за осоминичениот за убиството во Кавадарци

Детали од Обвинителството за групната тепачка во Кавадарци во која е убиен маж

Убиство во Кавадарци: Маж избоден до смрт во тепачка, приведен 45-годишен маж

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Најголем дел од новозаразените со коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

Редакција

(Фото) ЈП „Паркови и зеленило“: Толку ли не си го сакаме својот град, што постојано тежнееме да го лишиме од она што е убаво

Редакција

Во сообраќајка во скопско Козле загина малолетник на скутер

Редакција