еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Македонците со краток фитил: Зачестени агресивни напади кон полицајци

Македонските граѓани се почесто го губат трпението и имаат агресивни испади кон полицајци кои при нивните редовни контроли во сообраќајот и во други случаи стануваат мета на навреди, но и физички напади од лицата кои се предмет на контрола.

Показател за тоа се полициските билтени во кои речиси и да нема ден со примери за вакви напади.

Тоа најдобро го илустрира почетокот на март, кога во еден ден биле регистрирани четири случаи на агресивно однесување и навреди кон полицајците.

Така, на 01.03.2020 во 13.45 часот во с.Кондово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(24) од с.Кондово поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден, во 16.10 часот на ул.„Пиринска“ во Скопје, Д.В.(23) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир на тој начин што во алкохолизирана состојба се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вечерта, во 21.05 часот на ул.„Мите Богоевски“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Н.(56) од Скопје поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Малку подоцна, во 22.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.В.(40) од с.Бањани, скопско, поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, односно преземале мерки во врска со пријава за нарушен јавен ред и мир пред угостителски објект во с.Кучевиште со физичка пресметка.

Ваквите примери покажуваат дека некогаш причина за нападите кон полицијата е алкохолот и несвесноста кај напаѓачите, но со оглед на тоа што често има примери кога лицата кои ги напаѓаат полицајците се трезни впечаток е дека граѓаните се помалку толерираат контрола од безбедносните структури.

Тоа треба сите да не загрижи, бидејќи станува збор за негативен тренд кон лица кои се задолжени за безбедноста на сите граѓани и не заслужуваат да бидат мета за агресивни и физички напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на Кочани нападнал полицаец

Жена нападнала полицаец кој помагал да се спроведе во болницата Бардовци

Прилепчанец нападнал полицаец кој сакал да го легитимира

Изрешетан полицаец во Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се „спукаа“ околу „бомбите“: Кој е поголем криминалец?

Редакција

За што се работи во „Попис“, случај на СЈО за кој зборува Заев во новата „бомба„

Редакција

Колку пари на граѓаните потрошил премиерот Заев на ресторани и хотелско сместување

Редакција