еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија досега нема донесено одлука за испраќање припадници на Армијата на територија на источниот блок на НАТО

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека досега не е донесена одлука за испраќање на припадници на нашата Армија на територија на источниот блок на  НАТО.

Доколку биде донесена таква одлука, вели Петровска, јавноста ќе биде информирана.

– Република Северна Македонија, која е членка на НАТО, е подготвена да го сподели товарот со останатите, но до овој момент немаме донесено конкретна одлука за тоа. Доколку донесеме, јавноста ќе биде информирана, изјави Петровска по одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на Армијата.

Таа додаде дека македонската Армија има исклучително обучени и релативно добро опремени припадници, кои, доколку евентуално бидат испратени во ваков тип на мисија, ќе бидат распоредени на соодветни места согласно стратегиите и развојните планови на НАТО.

Во делот на модернизацијата на Армијата, министерката Петровска најави дека кон средина на годинава се очекува да бидат испорачани лесните оклопни возила.

Модернизацијата, како што посочи, се одвива во неколку сегменти – дел се однесува на личното опремување на секој припадник, а дел на модернизација на телекомуникациските и системите на вооружување.

– Јавните набавки се во тек. Оваа година ќе започне испораката на лесните оклопни возила кои треба да бидат испорачани кон средината на оваа година и како ќе се склучуваат јавните набавки, така јавноста соодветно ќе биде информирана, изјави Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО отвара 4 нови бази во Унгарија, Романија, Бугарија и Словачка, како одговор за евентуални хемиски напад од Русија

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисменот Митровски на судењето за „Рекет“: Се плашев да пријавам знаејќи ја тогашната моќ на СЈО

Редакција

Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци, жените принудени проверка за рак на дојка да прават во приватните клиники

Редакција

За лекувањето на Марко недостасуваат уште 25 илјади денари, да помогнеме

Редакција