еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија останува хибриден режим, Фридом Хаус бара ЕУ да ја притисне Бугарија за ветото

Невладината организација Фридом Хаус објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“.

„Оваа година, за првпат во 21. век, форма на управување што преовладува во регионот на нации во транзиција е хибриден режим. Четири демократии паднаа во оваа сива зона откако непрекинатиот период на демократски пад започна во 2004 година: Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Во истиот период три авторитарни режими направија демократски чекори и се приклучија во редот на хибридни режими: Молдавија, Косово и сега Ерменија“, се вели во извештајот, пренесува Гласот на Америка.

Според Фридом Хаус, овие режими можат да бидат демократски во минимална смисла, односно да имаат редовни, конкурентни избори, но нивните нефункционални институции „не се во состојба да ги испорачаат дефинитивните компоненти на либералната демократија: проверка и баланс, владеење на правото и цврста заштита на правата и слободите на сите“.

Како што јави Гласот на Америка, на скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко, Република Северна Македонија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3,25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, додека 3,00 за корупција.

Генералната оценка за демократски прогрес изнесува 3,82 или 47 проценти.

Според „Фридом хаус“, тековната криза обезбедува можност да се направи ревизија на процесот на пристапување во ЕУ, и оти „Блокот треба конечно да ги започне пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, притискајќи ја Бугарија да се откаже од приговорите“.

„Дефинитивно, ниту еден хибриден режим во регионот не успеа да ѝ пркоси на гравитацијата на сивата зона од 2002. Во овој период, Албанија, Северна Македонија и Србија флертуваа со либералната демократија, додека Ерменија и Молдавија издржаа авторитарни епизоди, но сите се вратија на хибриден режим до 2021 година“, оценува извештајот.

Моментално, вкупно 11 држави се категоризирани како хибридни режими во „Нации во транзиција“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе добие ли Собранието дури пет потпретседатели

Редакција

Исплатени се првите 117 милиони евра за проектот со „Бехтел и Енка“

Редакција

Цела Македонија за првпат во 4 фаза, на широко-распространета трансмисија на Ковид-19

Редакција