еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија останува посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, велат од МНР

Македонија останува и во иднина посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, независно за која етничка заедница станува збор, отворена за соработка и дијалог со релевантните механизми за човекови права, велат од Министерството за надворешни работи откако денеска Комитетот на министри при Советот на Европа, усвои Резолуција за Македонија со која е комплетиран петтиот циклус на редовна евалуација на земјава во однос на спроведувањето на обврските преземени со пристапувањето кон Рамковната конвенција за национални малцинства.

-Во процесот на усвојувањето на Резолуцијата, беа поднесените бројни амандмани од друга заинтересирана делегација кои не наидоа на поддршка од мнозинството земји членки на Совет на Европа.

Помеѓу останатото, аргументацијата на високото мнозинството претставници е дека ваквите процеси не треба да бидат прекумерно политизирани и билатерализирани, туку треба да се засноваат на духот и принципите на меѓународното право и стандарди, како и објективните наоди на независните експерти кои рефлектираат на реалната состојба.

Северна Македонија останува и во иднина посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, независно за која етничка заедница станува збор, и отворена за соработка и дијалог со релевантните механизми за човекови права, стои во соопштението на МНР.

Мониторинг процесот, кој трае определен период и низ кој циклично на пет години поминува секоја земја-договорна страна на Конвенцијата, кулминира со усвојување Резолуција од Комитетот на министри.

Резолуцијата, наведуваат од МНР, е базирана врз наодите и препораките на Мислењето на независните експерти на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за национални малцинства, кои меѓу другото, остварија и посета на земјава во ноември 2021 година. Мислењето е објавено на интернет страницата на Совет на Европа во септември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Комитетот на министри на Советот на Европа во Македонија нема системска дискриминација на Бугарите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ги достави уставните измени до Собранието: Што следи потоа

Редакција

Нови три случаи на коронавирусот во Малешевијата

Редакција

(ВИДЕО) 11 години без Тоше: Топ 5 песни по кои вечно ќе го паметиме

Редакција