Правната промена во делот на одржување на годишните собранија на акционери за време на вонредната состојба, со сите импликации што од тоа ќе произлезат за работењето на акционерските друштва, секако ќе има големо влијание на тргувањето со хартии од вредност на берзата, соопшти Македонската берза.
„Пред се, инвеститорите нема во најавените и очекувани тајминзи да ја добијат дивидендата, што е еден од основните мотиви за вложување во хартии од вредност. Сметаме дека ова ќе има одраз на вреднувањето на хартиите од вредност на компаниите што се тргуваат на берзата, а последователно и на пазарната динамика и осцилаторност.
Сето ова се надоврзува на другите новонастанати околности за домашниот пазар на хартии од вредност поради влијанијата на вирусот COVID-19“, информираат од берзата.
Оттаму додаваат дека берзата, согласно своите законски овластувања и добиената лиценца за работа, и понатаму ќе продолжи да обезбедува собирање на понуди за купување и продавање на хартиите од вредност и пазарно формирање на цените на истите, односно ќе овозможува континуирано тргување со хартиите од вредност на македонскиот пазар и во овие услови, се додека објективните околности го дозволуваат тоа и додека нема соодветни одлуки на надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Тетекс“ ја намалува дивидендата поради корона вирусот
Македонската берза со „ново-стари“ ограничувања при тргувањето со акциите
Поради коронавирусот ќе останеме без кондоми
(Видео) Ќотек и склекови за Индијците кои не ги почитуваат забраните за корона вирусот