еМагазин
Македонија

Македонски државјанин уапсен при влез во Косово поради фалсификуван тест за Ковид-19

Косовската полиција објави денеска дека уапсила државјанин на Северна Македонија, затоа што при влез во земјата на граничниот премин во Генерал Јанковиќ приложил фалсификуван тест за Ковид-19.

Откако бил приведен, осомничениот изјавил дека документот го купил од непознато лице на улица во една од скопските населби.

Настанот се случил завчера, 14 септември, во 14.50 часот.

„Уапсено е осомничено лице, маж, Албанец, државјанин на Северна Македонија, затоа што при преглед на документите истиот приложил тест за Ковид-19, за кој постои сомневање дека е фалсификуван.

При испитувањето осомничениот изјави дека документот го купил на улица во една скопска населба од непознато лице. Со одлука на надлежен обвинител, осомничениот е ослободен во редовна процедура“, се вели во денешниот билтен на косовското МВР.

МИА/Фото:МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Одбраната на Камчев ќе бара изземање на обвинителката Стефанова поради пристрасност

Редакција

(Видео) Ковачевски: Треба да се приклучиме гордо кон ЕУ, во прв план се стратешките интереси и цели на државата

Редакција

Издавањето на викендици на групи на луѓе е кривично дело, полицијата ќе казнува, потсети Спасовски

Редакција