Агенцијата за електронски комуникации ги објави најновите податоци за пазарниот удел на мобилните оператори во приходите остварени од обезбедување на мобилни комуникациски услуги на малопродажниот пазар за првиот квартал од 2019 година.
Најголем пазарен удел има Македонски Телеком со 51,72%, додека А1 Македонија има пазарен удел од 47,52%, Лајкамобајл има удел од 0,56%, а Роби има удел од 0,20%.
Пазарните удели се пресметани за вкупниот приход кој претставува сума од приходи од: услуга за започнување на повик, од месечна претплата, од пренос на податоци, од терминална опрема, од СМС, од ММС, од роаминг (сообраќај, СМС и дата) и останати приходи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски Телеком доминира на пазарот на фиксна телефонија
Пад на претплатниците на мобилна телефонија кај „А1 Македонија“, пораст кај „Македонски Телеком“