Македонскиот возач на камиони Васе Гурев е вистински херој во Србија.
Имено тој се понудил да донесе две инвалидски колички за деца од 2 и 4 години од Загреб до Белград, иако таа дестинација не му била попатна за возење.
Хумани луѓе од Хрватска обезбедиле две инвалидски колички за деца на две и четиригодиша возраст од Србија, но истите немало како да бидат транспортирани од Белград, на што Васе се понудил за превоз и ги предал количките.
Голема благодарноста за овој подвиг на македонскиот возач му упатуваат на фејсбук-страницата Србија великог срца.
Фото: Фејсбук/Србија великог срца
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.