еМагазин
Image default
Македонија

Македонскиот дел од Историската комисија нема да се согласи на „квази-историски“ аргументи, уверува Пендаровски

Претседателот на државата Стево Пендаровски верува дека македонските членови на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија нема да се согласат за ниеден „квази-историски“ или „квази политички“ аргументи, какви што често доаѓаат од Софија.

По отворањето на 55. јубилејна Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Пендаровски прашан за оценка за реакциите во јавноста околу објавените Препораки на Историската комисија, нагласи дека изминатите месеци по која било која шпекулација или полуинформација што доаѓа од Софија, во земјава цела нација се крева на нозе и се обидува да објасни што значи тоа.

– Станува збор за Препораки кои се договорени пред три години, зад кои стои целиот состав на нашиот дел од Комисијата. И ако после вчерашното образложување на сите тие Препораки од македонската страна на Комисијата на некого не му е јасно дека станува збор за препораки, кои со ништо не задираат во македонскиот јазик и идентитет, тогаш за тие луѓе, кои и после ова не разбираат, нема спас, изјави Пендаровски.

Тој нагласи дека нема никаков сомнеж во членовите во македонскиот дел од Комисијата, не само денес, туку и во изминатите три години откако се поставени на таа позиција, дека работат во заштита на македонскиот идентитет, јазик, име… и се што следува во тој контекст.

– Немам сомнеж ниту во наредниот период дека нема да се согласат на некој квази историски или квази политички аргументи кои доаѓаат често од Софија, истакна Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Академик Ќулавкова за препораките на историската Комисија: Зар е можно до тој степен Македонците да ги имаат изгубено своите идеали?

Псевдонаучни се препораките на Историската комисија, се вели во заедничката изјава на македонските научници и истражувачи

Последиците од препораките ќе бидат долготрајни и особено силно ќе ги почувствуваат следните генерации на Македонци, вели историчарот Жежов

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев до другарката Шекеринаска: Оваа не е збогување

Редакција

Непотизмот на „најјако“: Синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска вработен во ЕЛЕМ

Редакција

Убава вест: Оздравени 543 болни од Ковид-19

Редакција