еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонскиот идентитет во опасност: Додека да станеме членка на ЕУ, Бугарија и Грција ќе ни ја „извадат“ душата

„Македонски идентитет е забетониран“, фразата која често ја користеше власта по постигнувањето на договорот за името со Грција и потпишувањето на Договорот од Преспа по се изгледа ќе остане само фраза, а голема е опасноста да стане уште една лага, како што на времето премиерот Зоран Заев тврдеше дека уставното име на земјата нема да се смени.

Уште не сме добиле датум за преговори, а добрите соседи, какви што ни ги преставува власта, почнаа да „тргуваат“ и „уценуваат“ со сериозни национални прашања.

Нашите политичари не дека не знаеле дека оваа следи, уште од многу порано, но ете заборавиле да ни кажат.

Па така Бугарија, како и Грција бара откажување од македонското малцинство во Бугарија, за да ни даде подршка на патот за зачленување во Европската Унија (ЕУ).

Со Договорот од Преспа, Македонија веќе се откажа од македонското малцинство во Грција.

Бугарите, како и Грците имаат сериозен проблем и со македонскиот јазик.

Веќе најавија дека наместо „македонски јазик“ од ЕУ ќе бараат да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“.

„Ниту еден документ или изјава во процесот на пристапување не може да се смета како признание од бугарска страна за постоење на т.н. „македонски јазик“, одвоен од бугарскиот“, стои во документот кој вчера го освои бугарската Влада.

Општо познато е дека Бугарија никогаш не го признала македонскиот јазик.

Со Договорот од Преспа, Грците го признаваат македонскиот јазик, но новата Влада, предводена од Нова Демократија најави дека ќе направат се за да исправи таа грешка од Договорот, кој го сметаат за штетен, и секако ќе направат се изразот „македонско“ на светско ниво да биде поврзуван исклучиво со Грција, па најавуваат и кампања за тоа.

Со Грција допрва следува договорање за трговските марки и употребата на „македонско“ и „Македонија“, а како тоа ќе изгледа не е тешко да се претпостави.

А сосема друга тема е како ќе изгледа „контролата„ од страна на Грција за нашето спроведување на Договорот од Преспа, со кој меѓудругото Македонија стана Северна Македонија, име кое многу грчки политичари не го користат, иако тоа Договорот го предвидува, па не викаат „соседната земја“, „Скопје“, а некои се уште „ФИРОМ“.

Како и Грција и Бугарија има сериозни проблеми со македонската историја. Излезе дека проблемот за тоа чив е Гоце Делчев, е само мало спорно делче, бидејќи според Бугарите, ние немаме сопствена историја до 1945 година.

Со Договорот од Преспа, Македонија веќе се откажа од античката историја, Александар…

И Бугарија и Грција секако сите овие корекции на историјата бараат убаво да бидат спакувани во учебниците, во музеите…

Листата на барањата на Бугарите за подршка за ЕУ е прилично долга, и да, нема да биде никакво изненадување листата на услови од двете соседни земји постојано да расте во текот на преговарањето со ЕУ.

Проблемот е што досегашното искуство покажа дека нашата актуелна власт, но и претходните, неможат да се снајдат со одбраната на националните интереси. Ама ич.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не го признава македонскиот јазик, од ЕУ ќе бара да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“

Бугарија ги кажа условите за датум за ЕУ: Скопје да не бара признавање на македонско малцинство

Не викал Скопје или ФИРОМ: На новиот градоначалник на Солун му било тешко да каже Северна Македонија

Грција ќе го промовира брендот „Македонија“ и „македонските“ производи низ светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе заврши ли со политиката со затвор: Политичката кариера на Никола Груевски во 30 точки

Редакција

(Фото) Македонската компанија „Сајтрокс“ ставена на црната листа на САД

Редакција

Приватна компанија исплатила 500 денари регрес за годишен одмор, а трудов инспектор не констатирал повреда на законот

Редакција