еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските државјани итно да ја напуштат Украина поради опасност од воена ескалација, апелираат од МНР

Поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина, Министерството за надворешни работи (МНР) упатува апел до државјаните на Македонија кои се уште се наоѓаат во земјата итно да ја напуштат поради можност од воена ескалација.

На оние пак кои во претстојниот период планирале посета на Украина, МНР им препорачува да избегнуваат патувања во земјата.

-Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби, велат од МНР.

Оттаму посетуваат и на претходните повици кон оние граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои се уште не ги оставиле своите податоци во Амбасадата на Македонија во Киев, да ја контактираат на телефонските броеви +380442877882, +380663951190 и на е-mail: [email protected] за да ги достават своите податоци.

Дополнително, велат од МНР нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

-Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, нагласуваат од МНР.

Оттаму посочуваат дека ќе продолжат да ги следат состојбите во Украина и навремено да информираат за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина 47-годишната жена што беше тешко повредена во сообраќајката во тунелот кај Демир Капија

Редакција

Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во продукција на МКЦ на фестивалот „CPH:DOX” во Копенхаген

Редакција

Исклучителен успех за вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на „Мундус Вини 2024“

Редакција