еМагазин
Image default
Македонија

Македонските државјани рекордери во депортации од Германија

Македонските државјани го држат неславниот рекорд според бројот на депортации од Германија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на германската влада, пишува „Дојче веле“.

Меѓу 6.198 странски државјани кои биле депортирани од Германија во првата половина од годината, најбројни се оние кои присилно биле упатени кон Македонија – 454.

Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг.

Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба на Ахмети со Бучковски, лидерот на ДУИ убеден дека со Бугарија е можно брзо решение без последици врз јазикот, идентитетот и културата

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори: Можни датуми 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет

Редакција

Бугарија со нота до Македонија: Реагира за дел од слоганите на протестите во Скопје

Редакција