Директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс вели дека македонските производни компании се загрижени поради претстојната енергетска криза, но и поради последиците кои ќе ги предизвика недостигот на струја.
„Северна Македонија влегува во енергетска криза. Земјата во моментов троши двојно повеќе електрична енергија отколку што произведува и црпи струја од европската мрежа за да ги задоволи дневните потреби.
Државниот оператор за пренос на електрична енергија, МЕПСО, досега доби четири предупредувања за ненајавен упад во европската мрежа. Поради тоа, Владата во вторникот прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена,“ вели Мартенс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не чека двоен раст на цената на струјата или ќе имаме рестрикции