еМагазин
Image default
Македонија

Македонските власти имаат разбирање за одлуката на Србија да го суспендира патувањето без ПЦР тест

Србија ќе паузира со примената на Меморандумот за патување без ПЦР тестови склучен со Северна Македонија и Албанија, поради барањето на некои европски земји, за што навремено информирала српската Влада, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Веројатно, Германија и некои други земји бараат од земјите кај нас паузирање на Меморандумот или договорот за патување без ПЦР тестови помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија. И при едни вакви околности навремено информираше српската Влада и изрази жалење.

Секако не се лутиме, нема и зошто да немаме разбирање, заради тоа што ние тоа го направивме најдобронамерно,“ изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференцијата во Влада, .

Тој верува дека договорите кои сега се ставени во мирување ќе бидат вратени до крајот на јануари, при тоа не кажа дали е можно времено повлекување на македонската страна од Меморандумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 20 декември во Србија може да се влезе само со негативен ПЦР тест

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чулев вели дека не се од неговиот тим: Полициски службеници на распит во Обвинителството

Редакција

865 нови случаи на Ковид-19 од 2.889 тестирања, во Скопје 330

Редакција

Франција, Германија, Холандија, Данска, Белгија, Луксембург и Шпанија биле против датум за преговори со Македонија, тврди Милошоски

Редакција