еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Македонско сценарио ја тресе Албанија: Објавени прислушувани разговори меѓу Еди Рама и мафијата

Германскиот весник „Билд“ објави прислушувани телефонски разговори во кои се открива врска меѓу Владата во Албанија предводена од Социјалистичка партија и нарко-мафијата во местење на изборите.

Главен лик во оваа голема афера е премиерот Еди Рама.

Според „Билд“, разговорите се снимени во рамките на двегодишната истрага на албанската полиција за криминалната банда.

Овој медиум тврди дека се кријат сите докази кои откриваат поврзаност меѓу Рама и нарко-мафијата.

По ваквите објави се огласи претседателот на Албанија, Илир Мета и побара од обвинителството да истражи 339 снимки.

Тој реагираше и што обвинителството во Албанија забранило содржината на снимките да се објавува во медиумите.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на горива „тежок“ 400.000 евра

Редакција

РКЕ: Се наоѓаме во најдинамичната недела на берзата на нафтени деривати, очекуваме постепено стабилизирање на состојбата

Редакција

Културата ги урива политичките бариери: „Медена земја“ прогласен за најдобар документарец во Атина

Редакција