еМагазин
Бизнис

Макотекс лани работел со загуба

Макотекс АД Скопје за периодот јануари – декември 2021 година оствари загуба во износ од 1.167 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи за период јануари – декември 2021 година изнесуваат 19.959 илјади денари.

Оперативните приходи учествуваат со 100% во вкупните приходи. Истите бележат пораст од 5% во однос на приходите во 2020 година.

Вкупните расходи за период јануари – декември 2020 година изнесуваат 21.126 илјади денари. 

Оперативните расходи во 2021 година во износ 20.682 илјади учествуваат со 98% во вкупните расходи и бележат намалување од 4% во однос на оперативните расходи за истиот период 2020 година.

Финансиските расходи изнесуваат 444 илајди денари и произлегуваат од камати по краткорочни обврски по заеми“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макотекс во првите шест месеци со загуба

Макотекс ја намали загубата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Емилија Нацевска и Ана Митреска предложени за вицегувернерки на Народната банка

Редакција

На македонскиот пазар се лансираше p2p.mk – онлајн платформата која ве поврзува со инвеститорите

Редакција

Извозот во јануари со раст од седум отсто

Редакција