еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Макотекс“ за 609.000 евра го продаде хотелот и земјиштето во Лагадин на „Монтенегрин-инн“

„Макотекс“ преку Македонската берза информира дека е извршена продажба на недвижен имот-хотел во сопственост на друштвото (објект и земјиште), кој се наоѓа во населба Лагадин на купувачот трговското друштво за посредување, трговија и услуги „Монтенегрин-инн“ увоз-извоз ДООЕЛ Охрид за купопродажна цена од 609.000 евра.

„Сметководствената вредност на недвижниот имот на ден 31.12.2018 година (период на последни ревидирани финансиски извештаи) претставува 12,2261% од вкупните средства (книговодствената вредност на имотот) на друштвото“, информираат од компанијата.

Фото: Фејсбук/Visit Balkan

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР апелира македонските државјани во најскоро време да ја напуштат Украина

Редакција

Голем број надградби и доградби во Тетово, неизвесно дали би издржале посилен земјотрес

Редакција

Македонски Телеком доминира на пазарот на фиксна телефонија

Редакција