„Макпетрол“ АД Скопје во текот на минатата година оствари вкупен приход во износ од 22,9 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 907 милион денари, односно остварен е пораст од 4,1%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Во структурата на приходите, најголем удел со 98,1% имаат приходите од продажба, од коишто 94,4% приходи се остваруваат со продажба на домашниот пазар.
Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 21,9 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за 793 милиони денари или 3,8%.
На крајот на овој период, друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 969,5 милиони денари, односно добивка по оданочување во износ од 878,1 милион денари(14,2 милиони евра), која е поголема 13% од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 778,1 милион денари“, информираат од компанијата.