еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Макпетрол“: Природниот гас за април достапен по цена пониска за 13%

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец април ќе се намали за 13% за мегават час, во однос на цената за месец март ова година.

-Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 8% односно, за 6 денари за килограм (4,248 ден/лит) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 75 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 69 денари за килограм или 48.85 денари за литар, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Сковин“ оствари загуба од 25,3 милиони денари за девет месеци

Редакција

Антикорупциска бара кривично да се гони поранешниот министер за култура Хусни Исмаили, заради сомневање за злоупотреба на службената положба

Редакција

Баклава објави видео за песната „Чаир“

Редакција