„Макпетрол“ АД Скопје и подружниците во првите шест месеци од годинава остварија вкупен приход во износ од 10,5 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 601,4 милиони денари, односно остварен е пораст од 6,1%, соопшти компанијата во образложението на консолидираните извештаи објавено преку Македонската берза.
„Во структурата на приходите, најголем удел имаат приходите од продажба со учество од 98,5%, коишто приходи се остваруваат 94,5% со продажба на домашниот пазар.
Во истиот период се остварени вкупни расходи во висина од 10,2 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за 692,4 милиони денари или 7,3%.
На крајот од овој период, друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 260,7 милиони денари, односно добивка по оданочување во износ од 239,8 милиони денари (околу 3,8 милиони евра), која е помала од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 326,6 милиони денари“, информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата и „Макпетрол“ се спогодија вонсудски да ги решаваат споровите
Фото:Макпетрол