еМагазин
Бизнис

Макстил со умерено оптимистички очекувања за четвртиот квартал

Рефлексијата на глобалната криза врзана со појавата на пандемијата компанијата ја чувствува во тековното работење на третиот квартал од оваа година, информираат од Макстил АД Скопје преку Македонската берза.

„Нашите очекувања за четвртиот квартал се умерено оптимистички и се во директна зависност од развојот и движењата во големите европски економии како што се Германија и Италија меѓу другите.

Имено, согласно планот, производниот погон Челичарница во третиот квартал работи со намален капацитет, а ова ниво на работа се очекува да се задржи и во текот на четвртиот квартал.

Во делот на Челичарница компанијата има и поголема флексибилност, благодарение на претходно извршената набавка на слабови од увоз.

Работата на производниот погон Валавница воглавно е условена од нарачките на купувачите, каде нашите очекувања се изразуваат со умерен оптимизам, заради постепеното опоравување на светската економија, а особено поради реактивирањето на инвестициските проекти и зголемената јавна потрошувачка на пазарите каде што Макстил ги пласира своите готови производи.

И покрај сите потешкотии и предизвици со кои се соочува во моментов, компанијата успеа да ги задржи сите вработени на работните места и во првата половина на 2020 година се забележува благ тренд на зголемување на платите.

Задржувањето на сите вработени и грижата за нивното здравје и безбедност и во наредниот период останува еден од главните императиви на раководството“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макстил во „корона“ криза оствари добивка од 45,8 милиони денари

„Макстил“ со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жито Караорман со загуба во третото тримесечије

Редакција

Велешки „Благој Ѓорев“ лани со добивка

Редакција

Халк Осигурување со 15% намалување на полисите за жените

Редакција