Малиот Лука веќе една ипол година се лекува во Истанбул, Турција, борејќи се против ретката болест која ги напаѓа очите (Ретинобластом или тумор на очи).
„Но бидејќи веќе не сме во можност да го продолжиме лекувањето кое чини 50.400 долари, молиме за помош. Борбата мора да продолжи за да се спаси неговото лево око, надежно вклучувајќи го и видот на истото. Како и за да се држи под контрола текот на болеста и здравствената состојба на нашиот херој.
Тој има примено три хемотерапии, пет ладни ласери и една операција. По втората хемотерапија го изгуби видот.
А по едногодишна борба го изгуби и десното око кое мораше да биде отстрането со цел да се спречи ширење на болеста на другите органи.
Ве молиме доколку сте во можност да ни помогнете, со парични средства наменети за да го продолжиме лекувањето“ се вели во апелот на социјалните мрежи.
Жиро сметка: 380176980603113 во Прокредит банка на име Игор Јовановски
Броeви за донации: ВИП 143 479/ Т-МОБИЛЕ 070 143 106