Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 3. јануари покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Штип.
„Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.295,4 на 100.000 жители, Скопје (5.889,3/100.000), Свети Николе (5.084,8/100.000) и Кавадарци (5.026,3/100.000), а инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод, Радовиш и Крушево„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
11,4% од заболените со Ковид-19 се лекувале во болница
Еве како изгледа состојбата низ Македонија:
Фото: Град Скопје/мапа: ИЈЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.