Бидејќи условите за влез се менуваат од земја во земја, „Виз ер“ направи полесно од кога било патниците да ги проверуваат соодветните правила за патување на саканата дестинација преку својата подобрена Мапа за планирање на патување.
„Мапата, што сега е достапна за употреба и на мобилни уреди, автоматски се ажурира секој ден и вклучува список со специфични тестирања за земја, карантин и барања за сертификати за тестирање.
„Виз ер“ исто така ги охрабрува патниците да ја проверат официјалната владина веб-страница на земјата каде патуваат за да најдат дополнителни информации, да ги проверат прифатените картички за имунитет и да ги потврдат сите услови за патување,“ информираат од компанијата.
Патниците можат да продолжат да резервираат летови на wizzair.com и на мобилната апликација на авиокомпанијата без да се грижат, благодарение на пакетот за патничко осигурување на авиокомпанијата, кој вклучува покритие за Ковид-19 и WIZZ Flex.
Со WIZZ Flex, патниците можат да го откажат летот до три часа пред поаѓање без никаков надомест и да добијат 100% од цената веднаш надоместена како WIZZ кредити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ТАВ Македонија