еМагазин
Image default
Бизнис

Марија Дуковска Павловска е нова генерална директорка на Макстил

Акционерското собрание на Макстил АД – Скопје поради истекот на мандатот на Одборот на директори го изгласа новиот состав на Одборот на компанијата за наредниот мандат од четири години, при што негов нов член е Марија Дуковска Павловска, информираат од компанијата.

Дуковска Павловска на првата седница е избрана за нов генерален директор на Макстил, на местото на досегашниот генерален директор Иван Бановски.

Од компанијата информираат дека Дуковска Павловска, која ќе стапи на должноста од 1 февруари, поседува богато менаџерско искуство во областа на финансиите и индустријата, а на новата позиција доаѓа од позиција на управител на Kемет Електроникс Македонија, управител на Кемет Електроникс Бугарија, директор за ЧР на Кемет за Источна Европа и на едукација за Европа, како и член на проширениот лидерски тим на Кемет Електроникс.

– Одборот на директори ја изрази својата благодарност на Бановски за неговиот драгоцен придонес во текот на изминатите осум години како член на Управниот одбор на Макстил, но уште повеќе како генерален директор на компанијата, со што овозможи Макстил да постигне важен напредок и да се развива во модерна, динамична компанија каква што е денес.

Бановски останува во Макстил и ќе продолжи своето големо искуство и експертиза да ги вложува во компанијата и да дава поддршка со својот професионален придонес, се наведува во соопштението на компанијата.

Исто така, aкционерското собрание на Макстил изгласа и промена на независниот член на Одборот, Татјана Шишковска, на чие место беше назначена Александра Мишковска, како нов независен член на одборот.

– Со промените во управувачката структура, компанијата останува посветена и фокусирана на постигнување поголеми резултати на меѓународните пазари, со континуирани инвестиции во подобрување на производните процеси и во воспоставување безбедна работна средина со можности за професионално унапредување за вработените, како и компанија со обемна општествена одговорност и активно учество во подобрување на заедницата, велат од Макстил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макстил со добивка во првите девет месеци

Макстил втор месец дава бонус од 3.000 денари на плата на вработените кои ќе се вакцинираат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законот за игри на среќа помина во Собрание, обложувалниците ќе треба да се селат од близина на училиштата

Редакција

Јанис Паниарас избран за претседател на Одборот на директори на Цементарница УСЈЕ

Редакција

Стапува во сила руската забрана за увоз на праски од Македонија

Редакција