Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски уверува дека РКЕ како регулаторно тело ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање со цел за да не дојде до поскапување на електричната енергија.
Вели дека се размислува при носењето на следната одлука за цената на струјата да се тргнат целосно или да се редуцираат маржата и профитите на енергетските компании.
– Во кризна година мора сите да се однесуваме солидарно. Како РКЕ имаме алатки и ќе ги искористиме сите механизми кои ги имаме на располагање при носење на следната одлука на цената на електричната енергија.
Профитите и маржата што им се загарантирани за енергетските компании, ќе ги тргнеме скроз или ќе ги редуцираме. Цело време повторувам – мора да разберат сите дека во кризна состојба сите мора да си помогнеме, нагласи Бислимоски на гостувањето на телевизија Алсат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мора да се прогласи енергетска криза, смета Азески
Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе биде прогласена, изјави Бектеши
Ценовниот ефект од енергетската криза ќе се ублажува, вели Бесими
МИА/Фото: МИА