еМагазин
Image default
Македонија

Масовната вакцинација во регионалниот пункт во Битола се одвива непречено

Регионалниот вакцинален пункт во Битола е отворен, а масовната имунизација се одвива непречено.

Здравствените власти информираа дека според планот, денеска ќе бидат вакцинирани 910 граѓани, а со иста динамика ќе се продолжи во наредните денови.

Во регионалниот вакцинален пункт сместен во спортската сала на средното медицинско училиште граѓаните се вакцинираат со кинеската вакцина „Синофарм“, а за ефикасно спроведување на процесот на вакцинација ангажирани се здравствени работници и членови на општинскиот Црвен крст.

Регионалниот вакцинален пункт е во функција на жители од општините Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 183 случаи на Ковид-19 од 1.466 тестирања

Редакција

Детали од МЕПСО зошто повеќе градови останаа без струја

Редакција

Полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, предлага Филипче

Редакција