еМагазин
Image default
Македонија

Битолчанец заразен со Ковид-19, кој се вратил од Занзибар, хоспитализиран во Заводот за нефрологија во Струга

Во Заводот за нефрологија во Струга хоспитализиран е пациент од Битола, позитивен на Ковид-19, кој се вратил од Занзибар.

Директорот на Заводот, Александар Попоски информира дека лицето било примено во понеделникот вечерта, препратено од Битолската болница, како позитивен на коронавирусот, со покачени врендости, кои покажуваат бубрежно оштетување и без податоци дека престојувал во Африка.

– Пациентот е примен како ковид позитивен, со покачени вредности на диградациски продукти, маркер на бубрежно оштетување и е во стабилна состојба. При приемот не даде податок, но потоа кажа дека на 26 февруари, се вратил од Занзибар. Имал симптоми, два три дена и покачена температура, истакна Попоски.

Тој најави дека утре ќе му биде земен брис, кој ќе биде испратен во МАНУ за типизација да се види за каков сој станува збор.

– Вчера инсистиравме да се префрли во ГОБ „8 Септември“, поради сомнение дека можно е да има јужноафрикански сој на Ковид-19, но таму немаше место и се уште е кај нас.

Згрижен е, добар е и утре ќе испратиме брис во МАНУ за типизација за да видиме за каков сој се работи, рече Попоски и додаде дека и сопругата на пациентот била хоспитализирана во ГОБ „8 Септември“.

Во Заводот за нефрологија во Струга во моментов освен пациентот од Битола, кај кој, лекарите очекуваат намалување на вредностите, хоспитализирани се и четворица пациенти позитивни на Ковид-19, кои се на дијализа.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Караџовски е во добра здравствена состојба, ама не сака да биде „турска серија“, па често да се појавува по медиуми

Редакција

Собраниската седница за „францускиот предлог“ ќе се одржи в четврток, предвидено е обраќање на Урсула фон дер Лајен

Редакција

Ковачевски му ја предаде премиерската функција на Џафери

Редакција