еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Меџити се сретна со мајката на момчето со аутизам, кое беше повредено во болницата во Демир Хисар

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска се сретна со Салка Абдуловска, мајката на 17- годишното момче за кое таа тврди дека било несоодветно третирано во Демир Хисар.

Министерот Меџити, лично се запознал со случајот, како би можело Министерство да помогне за полесно секојдневние во грижата за момчето. На средбата од страна на Меџити било изразено жалење за настанатата ситуација и министерот потенцирал дека нема да дозволи никогаш несоодветен третман на пациентите, особено на малолетни лица, велат од Министерството.

„Иако добив уверувања од менаџментот на болницата дека е постапено по сите протоколи со цел безбедност на пациентот, случајот и работењето на болницата Демир Хисар ќе биде под строг надзор на Министерството.

Ги охрабрувам другите институции кои започнаа постапка да ги завршат за да се расчисти случајот до крај. Родителите на момчето ја имаат нашата поддршка.

Разговаравме за нивните проблеми и ветивме дека ќе се заложиме на оваа семејство да му помогнеме, ќе направиме напори момчето да биде сместено во интернатот во училиште за деца со посебни потреби, Партениј Зографски, во Скопје, каде оди во училиште“ истакнал на средбата министерот.

Мајката на 17-годишното момче, на средбата ја пренела информацијата дека дополнително семејството било вознемирено со објавување на лажни фотографии во јавноста, каде биле изнесувани невистини дека се работи за нејзиното дете, прикажувајќи момче како седи на земја врзано за кревет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момче со аутизам било врзувано на Психијатриската клиника во Демир Хисар, надлежните го испитуваат случајот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Царовска: Ги поттикнувам родителите да ангажираат лиценцирани негувателки

Редакција

Лила Филиповска го победи ракот на дојката и за првпат проговори за својата битка

Редакција

(ВИДЕО) Министерот Дамјан Манчевски приватно: Ако не бев политичар ќе бев инжинер

Редакција