еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Медицински сестри од Инфективна поднеле отказ, Филипче ги убедува да останат

Министерот за здравство Венко Филипче утрово остварил средба со сестрите од Инфективна клиника, за кои синоќа на социјалните мрежи беше објавено дека поднеле барање за отказ, меѓу кои и главната сестра на клиниката.

„Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност.

Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува“, напиша Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Тој посочи дека се договориле после заслужениот одмор кој го земале повторно да разговараат и да најдат начин да продолжат заедно во битката со Ковид 19 на Инфективната Клиника.

„Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници“, заклучи Филипче.

Имено, синоќа на социјалните мрежи беа објавени барања за откази од страна на медицински сестри од Инфективната клиника, меѓу кои и барањето од главната сестра.

МИА/Фото:Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виз ер Скопски маратон со рекорден број на учесници: Повеќе од 13.000 љубители на трчањето од 55 земји ќе трчаат на 6 октомври

Редакција

Бугарскиот претседател Радев ги повтори условите за напредок на Македонија на патот кон ЕУ

Редакција

Ќе го наследи Енди Џаси: Џеф Безос се повлекува од функцијата главен извршен директор на Амазон

Редакција