еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков на суд: Продолжува судењето за „Трезор“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска е закажано ново рочиште за случајот за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот го води судијката Џенета Бектовиќ и се наоѓа во доказна постапка.

На минатите две рочишта  јавноста беше исклучена поради сослушување на двајца сведоци, вработени во УБК, поради опасност од оддавање на службена тајна.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани пет земјотреси во епицентралното подрачје Гостивар-Тетово

Редакција

Ганка Цветанова ја повика Канческа Милевска јавно да се изнесе дали ќе гласа за уставните измени

Редакција

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Редакција