еМагазин
Image default
Македонија

Сашо Мијалков за притворот може да се жали до Апелациски суд

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразознавање (УБК), Сашо Мијалков во рок од 24 часа по приемот на решението од Кривичниот суд за 30-дневниот притвор, кој му беше одреден по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случајот „Таргет – Тврдина„ има право на жалба до Апелацискиот суд – Скопје.

„Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор против С.М. опфатен со обвинителен предлог во предметот со КОК. Бр. 47/17 од обвинителството означен како „Таргет/Тврдина“, судијата кој постапува по предметот по ценење на фактите и доказите опфатени со предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 470 став 1. точка 1. од ЗКП“, соопшти Кривичниот суд.

Против ова решение, велат од Судот, странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд –Скопје во рок од 24 часа по приемот на решението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сашо Мијалков во менгеме: ВМРО-ДПМНЕ го избрка, СДСМ го притвори

Твитер „полуде“ за притворот на Мијалков: „Со лисици сум бе, какви мисици“

„Кобни„ Фејсбук статуси: Груевски го „зафркна“ и Мијалков

„Беше најмоќен човек во Македонија, а сега му се заканува затвор“: Веста за притворањето на Мијалков одекна во регионалните медиуми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за Оливер Спасовски за обрасците за личните документи од „ЗНАМ“ на Максим Димитриевски

Редакција

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје почнува вакцинирањето со „Спутник V“

Редакција

И министерот Љутков во Софија фотографиран само со бугарското знаме

Редакција