еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Кобни„ Фејсбук статуси: Груевски го „зафркна“ и Мијалков

Веднаш откако поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски, кој избега во Унгарија, соопшти на Фејсбук дека добил политички азил таму, во притвор по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) заврши и поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразознавање (УБК), Сашо Мијалков.

Фејсбук статустите на Груевски откако е во бегство се покажаа „кобни„ за неговите поранешни соработници и соопартици.

По неговиот претходен статуст дека е во Унгарија, во притвор завршија исто така по барање на СЈО, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Се уште не е јасна причината по која основ Мијалков доби 30 дневен притвор, неофицијално дека постои „опасност од бегство“, а поради истата причина во затвор сега се Јанакиески и Божиновски.

Од она што е познато, Мијалков е во затвор поради предметот „Таргет-Тврдина„ на СЈО.

Истрагата за предметот „Тврдина” беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет” на 17 ноември 2016 година. Поради нивната поврзаност двата предмети се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“, освен Мијалков, обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои исто така се во бегство, но во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која доби затворска казна од шест години за истиот предмет за кој доби затворска казна и Груевски, „Тенк“ на СЈО, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Мијалков и Грујовски, Јанкулоска и Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Мијалков освен во предметот „Таргет – Тврдина“, обвинет е и во случаите на СЈО, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сашо Мијалков во менгеме: ВМРО-ДПМНЕ го избрка, СДСМ го притвори

Твитер „полуде“ за притворот на Мијалков: „Со лисици сум бе, какви мисици“

Сите детали за предметот „Таргет – Тврдина“, поради кој Мијалков заврши во притвор

„Беше најмоќен човек во Македонија, а сега му се заканува затвор“: Веста за притворањето на Мијалков одекна во регионалните медиуми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новите ковид-мерки ги испразнија трговските центри: Прометот во Сити мол намален за 40 проценти

Редакција

Двајца странци се тестираат на корона вирусот, хотелот каде престојуваат e во карантин

Редакција

(Фото) Домаќинствата за 16,32% ја намалиле потрошувачката на струја во скапа тарифа откако се воведени блок тарифите

Редакција