Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашната партиска свеченост по повод одбележувањето 23 Октомври – Денот на Македонската револуцонерна борба, побара да се донесе закон за амнестија за учесниците во настаните од 27 април во Собранието. Според него, така ќе има неселективна првада и слободна за сите.
Во врска со новонастанатата ситуација во партијата што ја води, рече дека минатиот петок бил „црн петок“, а пратениците кои гласале спротивно на партискиот став, како што рече, ја предале партијата и државата и се воделе од личен интерес.
„Во целиот овој период се држев до две работи – до вистината и до народот. И колку и да се шират дезинформации, и колку некои да ме прават одпелепн од реалноста, вистината е дека имаше притисоци врз пратеници и тие беа од власта. И дел од платениците влегоа со лични аранжмани со власта, надевајќи се на својата слобода, но разочарувајќи го народот. Дел од нив тоа и лично го признаа“, рече Мицкоски во 40-минутното обраќање пред членови и симпатизери на партијата.
Уште повеќе е тажен, рече, од точките-барања на осумте пратеници од опозицијата што ги поддржаа уставните измени. Според него, тие не се раководени од лични убедувања, туку од нивниот личен интерес и, рече, тој и ВМРО-ДПМНЕне може да дозволи тоа да се случува.
„Немојте да ја замајувате јавноста со некакви комисии и форуми, кои наводно треба да донесат правда за дополнително да се заташка работата. Власта сака низ тој процес да донесе некаква неселективна правда, која во основа е неправда. Затоа е потребна слобода и правда за сите.
Ајде донесете закон за амнестија кој го предлагаме за сите учесници од 27 април за да има и неселективна правда и слобода за сите“, истакна Мицкоски на свеченоста во Македонскиот народен театар на која не присуствуваше неговиот претходник, Никола Груевски.
Мицкоски оцени дека поддршката за пристапување кон промена на Уставот од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му овозможила на премиерот Зоран Заев да си ја продолжи политичката кариера. Требало само малку, како што рече, за да се одржат нови избори и ВМРО-ДПМНЕ да победи.
МИА/Фото: ВМРO-ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи Христијан Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го исчисти лошото во партијата
Колкава моќ има Мицкоски: Што пишува во статусот на ВМРО-ДПМНЕ во делот на разрешувања
Мицкоски побарал вонреден конгрес за да се гласа за негова доверба, ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одбил