И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Неговата реакција доаѓа откако бугарската агенција БГНЕС објави дека сопругата на Мицкоски била „Бугарка“.
„И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси.
Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту „браќата и пријателите“ на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана“, додаде Мицкоски во постот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Бугарската агенција БГНЕС тврди дека сопругата на Мицкоски е „Бугарка“
Фото: Фејсбук/Мицкоски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.