еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски му одговори на Заев од кревет на Инфективна: Од мене ќе се спасите ако не се разбудам утре

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од кревет на Инфективна клиника му одговори на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за неговиот предлог за заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски позитивен на Ковид–19

“По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци, закани, уцени, менуваа изборен законик на пет минути пред почеток на кампања, во услови на пандемија, карантин, пакети, ја задожија државата за повеќе од една милијарда евра, пљачкаа и пљачкаат сѐ уште и што ли уште не…

Денес ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски убедени од своите лакеи (поранешни високи функционери на опозицијата) како се препелкаат нудејќи поделба на власта ама јас да не сум бил дел од истата, бидејќи со мене немало договор, не сум бил добар соговорник.

И тука ДА прв пат се сложувам со Зоран Заев, јас немам концесија и не должам никому ништо, единствено му должам на мојот народ, на Македонците, на граѓаните на Македонија, на пратеничката група од коалицијата “За обнова на Македонија“, ИК, ЦК, општинските комитети, месните комитети, униите на ветерани, млади, жени, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба и се ќе сторам ним да им се оддолжам.

Имам една порака до вас, господа од власта, заедно со вашите лакеи, за мене денес е исклучително тежок ден. Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја и за борба со вас.

Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник.

Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа…

Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор!

И овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи. Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам.

Македонската пролет доаѓа!“, напиша на Фејсбук, Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев им нуди на ВМРО-ДПМНЕ заедно да прават влада

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Заев: Може експертска влада, предводена од заеднички прифатлива натпартиска личност

Ахмети не го бендиса предлогот на Заев да прави заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските фудбалери денеска ќе испишат историја: Во 18 часот го играме првиот меч на Еуро2020, со Австрија

Редакција

Ако војната се земе како основа за членство во ЕУ, тогаш земјите од Западен Балкан се подготвени меѓусебно да се напаѓаат, изјави Рама во Блед

Редакција

Локализиран пожарот на планината Готен, помали интервенции и на други локации 

Редакција